Нов пад на индустриското производство, фабриките и сè потешко наоѓаат работници

Индустриското производство во ноември бележи пад од 3,5 проценти во однос на истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Се намалува и бројот на работниците во индустријата – тој во однос на ноември 2024, минатиот месец бил понизок за 4%. Во периодот јануари – ноември 2024 година, пак, во споредба со истиот период од 2023, овој параметар бележи раст од 0,1 процент, соопшти ДЗС.

Бројот на работници во секторот преработувачка индустрија е намален за 4,7 отсто. Најголемо намалување на работната сила има во тутунската индустрија – 16,4 отсто, како и во текстилната и кожарската индустрија, каде што бројот на работници во компаниите за производство на облека е намален за 15,2 отсто, во фирмите за производство на текстил за 8,5 отсто, а во кожарската индустрија – за 11,7 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот