Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Нов музеј на УЧК ќе се гради во Арачиново
УЧК ќе добие нов музеј, барем ако се суди според ветувањето на градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибрахими. Тој во изјава за ТВ 21 вели дека изградба на музеј на УЧК во Арачиново е едно од неисполнетите ветувања.
Препорачано
Тој објаснува дека допрва ќе треба да се избере локација за музејот и дека за таа намена има неколку места, од кои две се гробиштата на паднатите борци и објектот на поранешната општина.
– Сè додека не е избрана локацијата што ми е приоритет, постојат различни форми. Тоа е едно од тие ветувања што ги дадов, на Арачиново му припаѓа музејот на ОНА, Арачиново има историја за големиот придонес што го даде за време на војната – вели Ибрахими.
Ако Ибрахими го реализира ветувањето, тоа ќе биде уште еден музеј посветен на поранешните припадници на ОНА.
Во Арачиново во 2005 година бесправно е изграден меморијален центар за загинатите припадници на поранешната ОНА. Музеј на борците на ОНА или како што е именуван музеј на слободата во 2008 година беше отворен во куќата на Јашар Бег во Скопје, додека пак, како дел од прославата по повод одбележувањето на 100-годишнината од независноста на Албанија, во 2012 година во селото Слупчане беше отворен музејот посветен на конфликтот во 2001 година и на ОНА. Лани во Слупчане беше откриена спомен кула во чест на поранешните припадници на ОНА.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
10мин
-
18мин
-
31мин
-
44мин
-
56мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5