
Нов дрес-код во авионите – Повеќе нема да можете да влезете на овој начин
По речиси две децении, Министерството за внатрешна безбедност на САД го укина правилото за соблекување чевли за време на безбедносните проверки, означувајќи го крајот на ерата на патување бос во аеродромските терминали. Оваа промена, иако навидум мала, може да има големо културно влијание и да ги промени навиките на патниците.
Препорачано
Воведувањето на ова правило по терористичките напади на 11 септември 2001 година драстично влијаеше на модата на аеродромите. Според експертите, удобноста и брзината станаа главни приоритети, при што практичните патики ја заменија формалната облека што доминираше во „златното доба на патувањето“ од 50-тите до 70-тите години. Во тоа време, летањето беше луксуз, а патниците се облекуваа елегантно, носејќи костуми и фустани- пренесе Каматица.
Модата на аеродромите почна да се менува во два брана. Првиот дојде во 70-тите години, кога авиокомпаниите почнаа да нудат попристапни цени. Патувањето стана подостапно за поширок круг луѓе, па формалните одела ги заменија поудобните фармерки.
Вториот, подрастичен бран следеше по терористичките напади во 2001 година, кога беа воведени строги безбедносни процедури, вклучително и соблекување на обувки. Ова дополнително ги охрабри патниците да избираат облека и обувки што се лесни за облекување и соблекување.
Иако познати личности, како Викторија Бекам, продолжија да се облекуваат гламурозно за папараците, повеќето патници се свртеа кон спортскиот стил. Иако е најавено отстранување на правилото за соблекување на обувки, експертите не очекуваат формалната облека целосно да се врати. Денес, седиштата во авионите стануваат сè помали, а толпите се зголемуваат, што ги тера патниците да продолжат да избираат еластични ткаенини и патики за да го направат своето патување што е можно поудобно за време на летовите.