
Нотарите го оправдуваат зголемувањето на тарифите: Се зголемуваат обврските, вработуваме луѓе, а нотарската тарифа се намалува
Влијание на измените на Нотарската тарифа има и фактот што од воведувањето на нотаријатот, донесени се низа закони со кои се зголемуваат обврските на нотарите, што само по себе повлекува нови вработувања во нотарските канцеларии, а Нотарската тарифа паралелно се намалува. Што значи, нема никаков рационален соооднос и економска исплатливост за функционирање на нотаријатот како независна и самостојна јавна служба – велат од Нотарската комора
Откако министерот за правда Игор Филков најави дека од септември нема да има покачување на нотарската тарифа, Нотарската комора реагираше дека е подготвена подетално да ги презентира анализите и аргументите за потребите од измените на тарифата.
Препорачано
– Доколку, министерот за правда има аргументирани причини за укинување на измените на Нотарската тарифа, секако тоа може да го стори во рамките на своите законски надлежности, но со тоа нема да го реши проблемот на граѓаните, ниту пак на нотарите – се вели во соопштението.
Во реакцијата се посочува дека Нотарската тарифа во ниеден случај не може да биде скриен процес, од причини што, како и секоја претходна, така и оваа Нотарската тарифа е донесена во законски пропишаната процедура, која траела половина година.
– По однос на новите измени, треба да се има предвид дека Нотарската тарифа не само што не го пратеше трендот на пораст на платите, животните трошоци, стапката на инфлација и вредноста на правната работа, туку напротив во овие 25 години, истата во континуитет е намалувана во 2010, 2016 и 2019 година. Влијание на измените на Нотарската тарифа има и фактот што од воведувањето на нотаријатот, донесени се низа закони со кои се зголемуваат обврските на нотарите, што само по себе повлекува нови вработувања во нотарските канцеларии, а нотарската тарифа паралелно се намалува. Што значи, нема никаков рационален сооднос и економска исплатливост за функционирање на нотаријатот како независна и самостојна јавна служба – велат од Нотарската комора.
Министерот Филков вчера најави дека ќе ја повлече одлуката за давање согласност за зголемување на нотарската тарифа, донесена од претходната власт. Како што соопшти тој на брифинг со новинарите, пред да замине од министерската функција, Кренар Лога потпишал одлука со која од први септември е предвидено зголемување на нотарските услуги за десет пати.
– Оваа одлука била донесена уште во февруари, а се чекало да поминат изборите и дури на 6 јуни техничката влада дала одобрување. За ова никој не ја информирал јавноста ниту преку официјални соопштенија ниту преку прес-конференција. Процесот бил скриен. Новите цени треба да важат од први септември и тоа нема да се случи. За промената на цената на кој било основ мора да има сериозна анализа и утврдена потреба од сериозно зголемување како што предвидел претходниот министер кој од неразбирливи причини терал агенда за поскапувањето – изјави министерот и најави дека ќе отвори дебата за ова прашање.
Поранешниот министер за правда, десет дена пред да ја напушти функцијата ги покачил нотарските тарифи за два до десет пати. Оваа одлука била објавена во Службен весник на 12 јуни, но ниту Владата, ниту Министерството не објавија официјално соопштение.
Филков: Нотарската тарифа останува по иста цена, нема да се зголеми од септември