Напади во газа EPA-EFE

Норвешки фонд од два билиони долари повлече инвестиции од Израел поради Газа

Норвешкиот државен инвестициски фонд, вреден два билиони долари, денес објави дека ги раскинува сите договори со менаџерите што управуваат со неговите израелски инвестиции и дека продал дел од своето портфолио во таа земја поради ситуацијата во Газа и на Западниот Брег.

Одлуката, според Ројтерс, следеше по вонредната ревизија започната минатата недела по медиумските извештаи дека фондот инвестирал во израелска компанија што произведува авионски мотори и обезбедува услуги за израелската војска, вклучително и одржување на борбени авиони.

Фондот, кој работи како дел од централната банка на Норвешка, имал удели во 61 израелска компанија од 30 јуни.
Како што е наведено во соопштението, во последните неколку дена тој продал акции во 11 од тие компании.

„Сега целосно се откажавме од тие позиции“, се наведува во соопштението на фондот, додавајќи дека инвестициите во израелски компании сè уште се разгледуваат за можни нови повлекувања.

Претходно, парламентот на Норвешка, во јуни, го отфрли предлогот за повлекување на фондот од сите компании што работат на окупираните палестински територии, потсетува Ројтерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот