
Норвешката принцеза се омажи за самопрогласениот шаман: На свадбата имало 350 гости
Норвешката принцеза Марта Луиз во саботата се омажи за самопрогласениот шаман, Американецот Дурек Верет.
Препорачано
Свадбата се одржа во хотел во Гејрангер, туристичко село во фјорд на западниот брег на земјата. Церемонијата се одржа под огромен бел шатор, а двојката ги продаде ексклузивните права за фотографии и видеа од церемонијата.

Марта Луиз носела традиционална бела венчаница и дијадема што ѝ ја подарил нејзиниот дедо, кралот Олав, за нејзиниот 18-ти роденден, според фотографиите од норвешките медиуми. Дурек носел црн костум со позлатен ремен. Освен кралот Харалд и престолонаследникот Хакон, кои носеле темни костуми, кралското семејство било облечено во традиционална норвешка носија. По коктелот, речиси 350 гости биле поканети на гала вечера. Во петокот им била организирана прошетка со брод околу фјордот и салса вечер.
Поради оваа врска и нивниот начин на живот, принцезата мораше да се откаже од сите службени должности во 2022 година. Во првиот брак со норвешкиот писател Ари Бен имала три ќерки, а се развеле во 2016. Кралот на Норвешка ќе го наследи нејзиниот две години помлад брат, принцот Хакон.
Дурек се декларира како бисексуалец и се нарекува шаман. Во својата книга „Spirit Hacking“, тој сугерираше дека ракот е избор и препорача вежби за отстранување на „отпечатоците“ од женските вагини што ги оставиле претходните сексуални партнери.