Марта Луиз и Дурек Верет
Марта Луиз и Дурек Верет / Фото: EPA

Норвешката принцеза се мажи за шаман од Калифорнија: Таа комуницира со ангели, а тој со духови

Најстарото дете на норвешкиот крал, принцезата Марта Луиз (51), следното лето ќе се омажи за самопрогласениот шаман Дурек Верет (48), објави семејството.

Кралот Харалд Петти рече дека неговото семејство е „воодушевено да го пречека“ Верет, кој е од Калифорнија и тврди дека е шаман од шестата генерација.

Парот, кој ја обиколи земјата во 2019 година на турнеја наречена „Принцезата и Шаманот“, предизвика бура во Норвешка со нивните алтернативни верувања.

Марта Луиз и Дурек Верет / Фото: EPA

Во изминатите неколку години, Марта Луиз рече дека може да разговара со ангели, додека Верет тврди дека комуницира со широк спектар на духови, практикува античка медицина и дека има медалјон што помага да се ослободи од тешка енергија, магии и темнина.

Свадбата ќе се одржи на 24 август во туристичкото село Гејрангер, ценето по типичниот норвешки пејзаж.

Марта Луиз и Дурек Верет / Фото: EPA

Норвешката државна телевизија НРК објави дека Верет ќе се пресели во Норвешка, но дека, иако ќе му се придружи на кралското семејство, нема да носи титула.

Иако принцезата Марта Луиз е првото дете на кралот Харалд Петти, наследник на тронот е нејзиниот две години помлад брат Хакон.

Норвешкиот Устав беше изменет во 1990 година за да се овозможи првороденото дете, без разлика на полот, да има приоритет во редот на наследување, но правилото не се применува ретроактивно.

Поради љубовта со самопрогласениот шаман, норвешката принцеза се откажува од кралските должности

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот