
Њујорк Тајмс: Руски беспилотни летала шпионираат американски воени рути
Руски извидувачки беспилотни летала со месеци над клучните воени рути во Германија што ги користат САД за транспорт на воена опрема во Украина, објави денес Њујорк Тајмс, повикувајќи се на американски и западноевропски извори.
Препорачано
Според нив, целта на руските операции е да се соберат информации што можат да се користат за саботажа или подобрување на воените активности на руската армија на украинскиот фронт. Претставник на германското Министерство за надворешни работи изјави за Ројтерс дека Берлин има информации за наводните летови на беспилотни летала, дека сериозно ги сфаќа заканите за европската безбедност и внимателно ја следи ситуацијата.
„Свесни сме за извештаите за наводни беспилотни летала. Внимателно ја следиме ситуацијата и сме во редовна комуникација со нашите сојузници и НАТО по ова прашање“, изјави претставник на германското Министерство за надворешни работи.
На заедничката прес-конференција со шпанскиот министер за одбрана, германскиот министер за одбрана Борис Писториус рече дека не е изненадувачки што беспилотните летала над пристаништата и железничките центри.
Претставник на американскиот Пентагон изјави дека Министерството за одбрана на САД „континуирано ги проценува и прилагодува своите распоредувања на сили низ целиот свет во согласност со променливите безбедносни закани и стратешките приоритети“, но не даде дополнителни детали за наводните руски активности во Европа, објави Ројтерс.
Германскиот весник „Виртшафтсвохе“ објави дека руски беспилотни летала редовно летаат над источногерманската покраина Тирингија, што предизвикува растечка загриженост кај американските и европските воени претставници.
Портпарол на германската војска потврди за весникот дека беспилотни летала летаат и над воени бази, вклучувајќи локации каде што се обучуваат украински војници, како и бази на САД и НАТО. Според германскиот весник, Германија започнала со инсталирање системи против беспилотни летала на воените бази.
Бронтите што се забележани се движат од едноставни комерцијални модели до „тешки машини“, а некои наводно се од иранско потекло.
Се верува и дека некои од беспилотните летала се лансираат од бродови во Балтичкото Море, иако американските претставници не биле во можност да ја потврдат оваа информација, објави Танјуг.