Фото: Smoliyenko Dmytro/Ukrinform/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Њујорк тајмс: Русија купува артилериска муниција од Северна Кореја

Њујорк тајмс повикувајќи се на американски разузнавачи објави дека Русија купува артилериска муниција од Северна Кореја, што е доказ дека почнале да дејствуваат санкциите и се намалува способноста на Москва за инвазијата врз Украина.

Весникот наведува дека неодамна декласифицираните податоци покажуваат дека Русија од Северна Кореја купила артилериски гранати и ракети.

Минатиот месец неименуван американски претставник изјави дека руските дронови од иранско производство претрпеле „бројни дефекти” во Украина и оти Москва најверојатно планира да набави стотина беспилотни летала (УАВ) од серијата Мохајер-6 и Шахед.

Западните санкции ја ограничуваат Русија да ги замени уништените возила и оружје во Украина.

Украина неодамна почна контраофанзива на неколку локации, вклучувајќи ја и областа Херсон, што руските сили ја окупираа на почетокот на инвазијата. Како подготовка за овие напади, украинските сили ги нападнаа руските области за снабдување, вклучително и складишта за муниција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот