Фото: Tierney L. Cross / Getty images / Profimedia

Њујорк Тајмс: Одлуките на Трамп ја загрозуваат целта да се спречи развојот на иранската нуклеарна програма

Кога американскиот претседател Доналд Трамп суспендираше две програми кои обезбедуваат американска помош за меѓународните нуклеарни инспектори на почетокот на јануари, тој потенцијално ја загрози неговата цел да го спречи Иран да развие нуклеарен арсенал, пишува Њујорк Тајмс.

Иако една од двете програми подоцна беше обновена, последиците од овие одлуки, како што истакнува Њујорк тајмс, доведоа до опаѓање на довербата во напорите што овозможија со децении да се следи напредокот на Иран кон производство на нуклеарно оружје.

Во анализата се истакнува загриженоста на некои експерти дека овие пречки ќе ги одвратат професионалците да се ангажираат во областа на неширење на нуклеарното оружје и ќе ја комплицираат глобалната борба против ширењето на таквото оружје.

Додека МААЕ одбива да коментира намалувања на помошта, претставник на американскиот Стејт департмент, кој треба да ги финансира програмите, за Тајмс рекол дека националната безбедност на САД е врвен приоритет и оти „одредена американска помош за програмите кои ги поддржуваат напорите и способностите на Меѓународната агенција за атомска енергија за проверка на нуклеарните постројки низ светот, вклучително и во Иран, продолжуваат“.

Стејт департментот, сепак, не соопштува дали некоја од програмите е замрзната или прекината, пренесе Тајмс од Израел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот