
Ниту Германецот Штруф не беше закана: Ѓоковиќ ќе игра четвртфинале на САД Опен
Српскиот ас Новак Ѓоковиќ изминатата вечер уште еднаш покажа дека и понатаму може да игра на највисоко ниво и со 3-0 во сетови (6-3, 6-3, 6-2) го елиминираше Германецот Јан Ленард Штруф и си го обезбеди местото меѓу најдобрите осум на годинешниот САД Опен.
Препорачано
Ѓоковиќ започна фуриозно и ги освои првите четири гема за само околу 15 минути игра, навестувајќи дека нема намера да му дозволи на Штруф ниту најмала шанса. Сепак, кон средината на првиот сет дојде до кратка криза кога за првпат го загуби својот сервис, но брзо се врати во ритам и со сигурен финиш го освои сетот.
Вториот сет донесе поголем отпор од страна на Германецот, но само до резултат 3-3. Потоа Новак повторно го зголеми интензитетот, врза три гема и поведе со 2-0. Во третиот сет, Ѓоковиќ продолжи со исто темпо, експресно поведувајќи со 3-0, а до крајот сигурно го чуваше својот сервис за да стигне до нова победа без загубен сет.
Во четвртфиналето, Ѓоковиќ ќе се сретне со Американецот Тејлор Фриц, кој претходно го совлада Чехот Махач.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5мин
-
9мин
-
11мин
-
11мин
-
19мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5