фото: mtftennis.mk

Ништо од уште еден трофеј: Ѓорческа по голема борба го загуби финалето во Букурешт

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја круниса одличната форма со нов трофеј, откако денеска загуби во финалето на ИТФ турнирот во Букурешт. По голема борба која траеше два часа и 35 минути, Ѓорческа беше поразена од Австријката Лили Тагер со 1-2 во сетови (4-6, 6-3, 4-6).

Лина имаше своја шанса, особено во одлучувачкиот трет сет каде што двапати имаше брејк предност, прво водеше со 2-0, потоа и со 3-2, но не успеа да го задржи водството. При резултат 3-3 имаше две брејк-топки кои не ги реализираше, а во десеттиот гем, кога Тагер сервираше за победа при 5-4, македонската тенисерка одбрани три меч-топки, но не можеше и четвртата.

Ова беше трет последователен настап во финале за Ѓорческа, по турнирите во Куршумлијска Бања и Собосло, што е потврда за нејзината стабилна форма. Иако нема да влезе меѓу најдобрите 200 тенисерки на ВТА листата, Ѓорческа утре ќе забележи нов напредок во ранкингот.

Браво за Лина Ѓорческа: Македонската тенисерка го освои фјучрсот во Романија

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот