
НИС поднесе барање за уште едно одложување на санкциите
Нафтената индустрија на Србија (НИС) поднесе ново барање до Министерството за финансии на САД за посебна лиценца со која се одложува целосното спроведување на санкциите. Целта на ова барање е да се овозможи компанијата да продолжи непречено да работи по 28 април, што е рокот предвиден во лиценцата издадена на 28 март годинава, објави вчера НИС. Компанијата потсетува дека на 14 март, исто така, поднела барање до Министерството за финансии на САД да биде отстранета од листата (Специјално назначени државјани), што може да биде долг процес. Во наредниот период, и покрај сложените околности, НИС останува посветен на продолжување на стабилното снабдување на домашниот пазар со сите видови деривати и зачувување на социјалната стабилност на своите вработени. Јавноста ќе биде навремено информирана за сите нови околности што можат да влијаат врз работењето, потврди вчера НИС, пренесува Политика.
Препорачано
Патем, на почетокот на следниот месец, НИС треба да го објави и својот извештај за работењето за првиот квартал од оваа година, кој најдобро ќе илустрира колку штета е предизвикана на компанијата поради тоа што е ставена на списокот со санкции на САД по налог на поранешната администрација на Бајден. Како што неофицијално е познато, резултатот треба да биде позитивен, но приходите се далеку помали од планираните во бизнис-планот. Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, министерка за енергетика, изјави дека веќе четири месеци се води интензивна дипломатска борба за спречување на воведување санкции против „Нафтената индустрија на Србија“, бидејќи тоа првенствено би влијаело врз граѓаните и економијата.