Раст на цените на нафтата / Илустративна фотографија: ЕПА

НИС користи дрон во потрага по нафта

Компанијата НИС спроведе истражување со дрон на бунарот и надземната инфраструктура на нафтеното поле Кикинда, како дел од подобрувањето на процесот на истражување и производство на нафта и гас. Овој метод овозможува поефикасно собирање на податоци од терен, кои се користат во геолошките истражувања и проектирањето на инфраструктурата.

Како што објави eKaпија, преку снимањето се добиени ортофотографии, дигитални модели на теренот, а податоците понатаму се користат за планирање на цевководи и објекти. Во овој случај, дронот ги замени класичните геодетски методи, со точност на мерење помеѓу 15 и 20 милиметри.

Технологијата ја применија вработени во Инженерскиот оддел на Научно-технолошкиот центар на НИС, кој планира да ја прошири оваа практика и на други локации. Според Александар Кнежевиќ, директор на ова одделение, снимањето овозможува побрза подготовка на проектната документација, а теренските снимки ја олеснуваат работата на проектантите без дополнителни патувања на терен. Тој го даде примерот за локација од 25 хектари, која е снимена за еден ден, што резултира со значителна заштеда на време, пишува Данас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот