Никола Димитров „Отворен Балкан“
Никола Димитров / Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Никола Димитров објави дека се враќа во политиката

Поранешниот шеф на македонската дипломатија, вицепремиер и амбасадор во САД и Холандија, Никола Димитров, најави враќање во политиката, но не откри на какво начин, најавувајќи детали за следните денови.

„Ако мислиме само дека со промена на власта ќе си ја средиме дравата, грешиме – мора да го смениме системот“, рече Димитров во вечерашното интервју за телевизијата „21“.

Димитров беше во Владата до јануари лани, кога при промената на премиерската позиција и заминувањето на Зоран Заев, за него немаше место во кабинетот на новиот мандатар Димитар Ковачевски. По ова, тој често во јавноста ги критикуваше владините потези во надворешната политика, а беше и категорично против „францускиот предлог“ за решавање на спорот со Бугарија, кој Владата го прифати и со него го отпочна процесот на пристапни преговори за членство во Европската унија.

„Јас долго време јавно зборувам, не сум престанал да бидат активен. Никогаш не сум бил член на партија, сум работел речиси со сите и со сите сум се разишол, мислам дека е тоа здраво, кога човек верува дека се фатиле кривини многу е поздраво да се држи до своето убедување отколку да вика магарето лета“, рече Димитров вечерва.

Тој додаде дека за неколку недели ќе открие во каква форма ќе биде неговото враќање.

-Јас во блиска иднина ќе обзнанам во јавноста во каква форма ќе делувам. Не би можел сега тој план да го обзнанам. Тоа што можам да кажам е дека ние имаме проблем како граѓани, дека работите не ни се добри во државата. Тој проблем нема да ни го реши друг. Можат да ни помогнат нашите пријатели од Брисел и Вашингтон. Политичките партии нема да се разбудат едно утро и да речат „малку претеравме, можеби треба поинаку сега, подобро, на друг начин да ја водиме политиката“. Граѓанството ќе мора да ги натера тоа да го прават. Првиот чекор е да видиме колку граѓани има кои се незадоволни, што сакаат ред во оваа држава и што сакаат законот да важи еднакво за сите. Ќе има мегдан, ќе ги кажам моите битки – рече тој.

Димитров додаде дека подолго време немал комуникација со поранешниот премиер Зоран Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот