Том Круз и Никол Кидман во филмот „Очи широко затворени“ („Eyes Wide Shut“) / Фото: EPA PHOTO ANSA/WARNER BROS ITALY/pal

Никол Кидман ретко зборува за Том Круз, но сега откри: „Стенли Кјубрик ни го саботираше бракот“

Актерката Никол Кидман се присети на снимањето на филмот „Очи ширум затворени“ („Eyes Wide Shut“), каде што со неа работеше нејзиниот поранешен сопруг Том Круз.

Кидман ретко го коментира бракот со Круз, но по повод 25-годишнината од филмот, таа откри како било да се работи заедно, како и да соработуваат со режисерот Стенли Кјубрик.

Во интервју за „Лос Анџелес тајмс“, Кидман се присети на сцената со Круз што ја снимале со недели.

„Тоа беше сцена со Том и мене, каде што почнав да пушам џоинт на креветот, да се смеам и да правам долг монолог. Ни требаа многу недели. Многу вежбавме во собата, а тоа не му се допаѓаше на Стенли. Потоа ја преработивме сцената, како што течеше снимањето. Немаше потреба од брзање“, рече Кидман.

Актерката зборуваше и за тоа како на крајот напредувала споменатата сцена.

„Имаше многу разговори. Кога Том и јас почнавме да работиме со Стенли, тоа беше во неговиот дом и воопшто не отидовме во студиски сет. Поминаа шест до осум недели и размислувавме дали некогаш ќе отидеме. И не одевме, не се чувствувавме удобно, толку многу што почнавме да даваме идеи“, се сеќава таа.

Актерите Никол Кидман и Том Круз на Венецијанскиот филмски фестивал / 1 септември 1999 / Фото: EPA PHOTO ANSA/CLAUDIO ONORATI

Актерката потоа откри дали мисли дека Кјубрик нашол инспирација за ликовите на Бил и Алиса во бракот на Кидман и Круз и дека мисли дека тој го „саботирал“ нивниот брак поради односот на неговите ликови. „Претпоставувам дека саботираше“, рече таа, а потоа додаде:

„Имаше идеи кои го интересираа. Поставуваше многу прашања. Но, имаше силно чувство за приказната што ја раскажуваше. Се сеќавам дека рече: ‘Триаголниците се тешки. Мора да бидете внимателни кога станува збор за љубовен триаголник’. Но, тој беше свесен за тоа и знаеше како да управува со нас“.

Да потсетиме, Кидман и Круз се венчаа во 1990 година. Две години подоцна, тие ја посвоија ќерката Изабела, а потоа во 1995 година и синот Конор. Се разведоа во 2001 година, а потоа Кидман се омажи за Кит Урбан во 2006 година, со кого има две ќерки. Истата година, Круз се ожени со Кејти Холмс, со која беше до 2012 година и со која ја доби ќерката Сури.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот