Фото: Профимедиа

Никогаш не ја преболе смртта на принцот Филип – кралицата Елизабета почина со скршено срце

Иако ја сменил својата вера кога се оженил со англиската кралица Елизабета во 1948 година, принцот Филип никогаш не се откажал од православието со кое растел

Британската кралица Елизабета Втора почина во четвртокот, една година и пет месеци по нејзиниот сакан сопруг, принцот Филип.

Долгиот и бурен живот на војводата од Единбург започна со неговото раѓање на грчкиот остров Крф, а потоа следуваа години живот, прво во Германија, а потоа во Англија. Покрај тоа што бил вујко на принцезата Маргарита од Баден, сопруга на српскиот принц Томислав Караѓорѓевиќ, ќе остане запаметено и дека Филип почина како припадник на православната црква.

Иако ја сменил својата вера кога се оженил со англиската кралица Елизабета во 1948 година, принцот Филип никогаш не се откажал од православието со кое растел, а кое често го покажувал во јавноста, прекрстувајќи се со три прста. Иако пораснал во егзил, влијанието на неговата мајка Алиса од Батенберг и неговиот татко, принцот Ендру, кои биле посветени на верата, било силно.

Според митрополитот Иларион, Филип често знаел да каже: „Станав Англичанец, но останав православен“. Сепак, овие зборови треба да се земат со резерва, бидејќи младиот принц, иако бил крстен во Грчката православна црква, по заминувањето во Велика Британија пораснал кај својот вујко, лордот Луис Монтбатен, кој, меѓу другото, го носел на миси во Англиканската црква.

Меѓутоа, вистинското враќање на верата следеше четири децении по неговиот брак со најдолговечната британска кралица, кога, според британските медиуми, тој разговарал со руски православен епископ во Лондон во мај 1991 година.

Оттогаш до неговата смрт, заедно со неговиот синот, принцот Чарлс, Филип беше член на „Англиското друштво на пријатели на Света Гора“, кое им помага на православните манастири на грчкиот остров. Без разлика дали поради својот татко или поради неговата баба по татко, Алиса од Батенберг, Чарлс во десетици наврати одел на Света Гора, каде што поминувал време во ќелиите со монасите, не барајќи никакви привилегии.

За разлика од него, принцот Филип ретко одел во Грција, бидејќи не можел да го преболи она што Грците му го направиле на неговиот татко по Грчко-турската војна (1919 – 1922), кога принцот Андреас од Грција и Данска бил посочен како главен виновник за поразот и заедно со семејството и тогаш едногодишниот син Филип, бил протеран од земјата.

И покрај тоа, Филип ја негувал традицијата на православието со одење во црквата „Свети Сава“ во Лондон, која кралицата Марија Караѓорѓевиќ ја купила со Луиз Паџет по Втората светска војна од Англиканската заедница. Таму, принцот повеќепати бил на венчавки, крштевки и погреби со неговите роднини од српските и грчките кралски семејства.

Кога во 2004 година избувна голем пожар во српскиот манастир Хиландар, кој оштети речиси половина од зградата на манастирот, војводата од Единбург и неговиот син, тогаш принцот Чарлс, собраа пари за обнова преку нивното здружение.

Кралицата починала од скршено срце?

Некои лекари веруваат дека смртта на саканиот Филип пред неполни 18 месеци можеби ја забрзала смртта на кралицата Елизабета.

Д-р Деб Коен-Џонсон, австралиски општ лекар, во изјава за „Дејли Мејл“ објаснува што може да направи загубата на сакана личност за здравјето на нејзиниот партнер, особено во тие години.

– Не постои строга наука за тоа. Но, дефинитивно е забележан феномен. На некој начин, повеќе се работи за губење на „волја“ за живот отколку за нарушено здравје – рече експертот.

Кралицата пред смртта имаше проблеми со движењето, кои ја принудија да се повлече од некои од нејзините должности како монарх. Само два дена пред да почине, таа ѝ го предаде мандатот на новата британска премиерка Лиз Трас, но кралицата не отпатува за Лондон, туку церемонијата се одржа на кралскиот имот во Шкотска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот