Никоб Лаб

НИКОБ ЛАБ – Промоцијата за бесплатен брз антигенски тест за млади од 0-18 години успешно ја завршуваме утре

Во месец февруари ја започнавме промоцијата за бесплатен брз антигенски тест за млади од 0-18 години по индикација, со цел да помогнеме на семејствата кои беа во тешка економска и здравствена состојба предизвикана од сериозната епидемиолошка состојба во државата, предизвикана од КОВИД 19 вирусот. Промоцијата започна на 18.02.2022 година и завршува утре 25.03.2022 година.

Во овој временски период направени се вкупно 318 тестови, а од нив детектирани се 106 позитивни лица.

Докажавме дека сме општествено одговорна установа и со оваа бројка на тестови и скринингот кој го добивме, значително помогнавме на здравствениот систем и на семејниот буџет, а тоа ни дава за право и во иднина да промовираме услуги кои ќе бидат од голема помош на сите граѓани.


Комерцијален ПР текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот