
„Ние сме робови“, на најголемата фарма во Германија откриено ново жариште на корона
Фармата за аспарагус на Хајнрих Тиерман во Кирхдорф, околу педесет километри од Хановер, во моментов има нешто повеќе од илјада работници. Повеќето се Полјаци и Романци. На крајот на април, кога започна работниот карантин, се заразија 47 работници, а до денес, инфекцијата е регистрирана кај 131 лице.
На една од најголемите фарми во Германија за одгледување аспарагус во Германија работат претежно работници од Полска и Романија. Некои од нив за „Дојче веле“ велат дека живеат и работат во очајни услови и дека нивното здравје е загрозено.
Препорачано
Имињата на соговорниците се познати на редакцијата на Дојче веле, и во оваа прилика тие беа променети за да ја зачуваат нивниот анонимност.
Агњешка знаеше дека бербата на аспарагус е напорна работа. По пристигнувањето во Германија, и беше кажано дека мора да помине две недели во карантин. Но, по повеќе од еден месец изолација, на неа и беше доста од сè:
„Тие нè третираат како робови, нè носат од хотелот на работа и не враќаат“.
Нејзината колешка Илона одби да работи повторно. „Сакам да одам дома“, вели таа.
Таа чека во нејзината соба, додека нејзините цимери сè уште работат, па Илона се плаши дека ќе биде заразена со коронавирусот. Ова не само што би било опасно за нејзиното здравје, туку и нејзиниот карантин може повторно да се продолжи.
Фармата за аспарагус на Хајнрих Тиерман во Кирхдорф, околу педесет километри од Хановер, во моментов има нешто повеќе од илјада работници. Повеќето се Полјаци и Романци. На крајот на април, кога започна работниот карантин, се заразија 47 работници, а до денес, инфекцијата е регистрирана кај 131 лице.
ДВ телефонски разговараше со шест работници од Полска за условите за работа зад затворената порта на земјоделскиот имот. ДВ исто така контактирал со работодавачот и откако статијата за првпат била објавена на полски јазик, лошите услови за работа ги потврдиле и другите вработени. Нивните изјави јасно покажуваат како нееднаквостите на европскиот пазар на труд можат да влијаат на ширењето на вирусот.
На 30 април, Институтот за јавно здравје утврди мерки за двонеделен карантин во компанијата „Тирман ГмбХ“.
Забрането е контактирање дури и на брачни парови кои работат во различни делови на фармата. Ангажирано е приватно обезбедување за да ги следи спроведувањета на мерките. За околу двесте работници кои беа во исто сместување со заразените, карантинот истекува само во вторник.
Ниту компанијата, ниту Институтот за јавно здравје не дадоа податоци за бројот на лица кои биле лекувани во болницата. Работниците велат дека има околу пет случаи, од кои едниот има сериозна клиничка слика. Тие рекоа дека сите вработени се осигурани.
– Во случај на болест, работниците не ги сносат болничките трошоци и имаат континуирана исплата на платата – рече портпаролот на компанијата.
Една од заразените жени, од друга страна, се пожалила дека мора да ги плати трошоците за сместување на фармата, додека била на боледување.
Хајнрих Тирман е еден од најголемите производители на аспарагус во Германија. Секоја година, стотици работници од Источна Европа собираат тони „бело злато“ на своите полиња.