Фото: МИА / скриншот

„Ние сме другарки цел живот“ – новата директорка на Академијата за судии и обвинители вели дека приватниот однос со Лашкоска не влијаел на нејзиниот избор

Вчерашниот избор на Ирина Трајкоска Стрезоски за директорка на Академијата за судии и обвинители наиде на реакции од јавноста кои се однесуваат на транспарентноста на процедурата, но тој отвори дилеми и за евентуални политички лобирања. Новата директорка, во изјава за Телма, потврдила дека заменик-министерката за екологија и поранешна пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска, ѝ е другарка, но исклучува влијание на нивниот приватен однос врз нејзиниот избор.

„Политичка припадност врз основа на приватни фотографии во овој момент не треба да се утврдува. Ние сме другарки цел живот и пред таа да биде во политика, а ќе останеме и во иднина. Нема влијание од мојата другарка врз било кој да гласа за мене. На таа тема не сме ни разговарале. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата што ми беше дадена со изборот од страна на Управниот одбор. Навистина ме радува интересот и на медиумуте за Академијата и верувам дека со мојата работа и достапноста особено за вас новинарите ќе придонесеме за унапредување на транспрентноста на Академијата“, вели Ирина Трајкоска Стрезоски, нова директорка на АСЈО.

Трајкоска Стрезоски завршила во Академијата во 2009 година, по што е избрана во прилепското Основно обвинителство, за четири години подоцна, во 2013-тата, да биде унапредена во Вишото обвинителство во Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот