epa08189538 San Francisco 49ers head coach Kyle Shanahan (R) watches in the fourth quarter of their National Football League Super Bowl LIV at Hard Rock Stadium in Miami Gardens, Florida, USA, 02 February 2020. EPA-EFE/TANNEN MAURY

НФЛ со милионски казни за неносење заштитни маски

Комесарот на НФЛ лигата, Роџер Гудел ги казни тренерите на Вич Фанџио, Пит Керол и Кајл Шанахан како и нивните екипи бидејќи не носеа маски на натпреварите од второто коло.

Фанџио кој е тренер на Денвер бронкос, Пит Керол на Сиетл сихокс, а Шанахан е главен тренер на Сан Франциско фортинајнерс, не носеа маски на натпреварите од НФЛ лигата и поради тоа се казнети со по 100.000 долари.

Парични казни поради непочитувањето на правилата за заштита од коронавирусот, заработија и нивните екипи кои ќе мора да платат по 250.000 долари.

Вкупната сума на казната која треба да ја платат тренерите и нивните екипи изнесува 1.05 милиони долари.

Изминатиот викенд се одиграа натпреварите од второто коло, а во него Денвер е поразен од Питсбург (21:26), додека Сиетл го совлада Њу Ингланд (35:30) како и Сан Франциско кој беше подобар Њујорк џетс (31:13).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот