Полавени улици Словенија Фото: Фејсбук Метеоинфо Словенија

Невреме во Хрватска и во Словенија, поплавени и непроодни улици

Обилните врнежи од дожд поплавија делови од Словенија и од Хрватска, а неколку улици и патишта во регионот на Копер во делови се непроодни.

„Метео Словенија“ соопшти дека на некои места веќе наврнале повеќе од 150 милиметри дожд. Притоа, најмногу дожд имало помеѓу словенечка Истра и внатрешноста.

Истовремено, и во Загреб се слеале обилни врнежи, проследени со грмотевици и налети на северозападен ветер. Три региони во Хрватска, Книн, Риека и Сплит, се под црвен метео-аларм, а остатокот од земјата е во портокалова зона поради можноста за невреме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот