фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Неверојатен податок – Србија е единствената на која ова ѝ се случи на Европското првенство

Фудбалската репрезентација на Србија испадна од Европското првенство, и со два освоени бода го зазеде последното место во групата Ц.

Селекција предводена од Драган Стојковиќ – Пикси беше поразена од Англија во првото коло (1:0), потоа одигра 1:1 со Словенија и меч без победник и без голови со Данците во последното коло и остана без пласман во нок-аут фазата.

Неверојатен податок е дека Србија беше единствената репрезентација која беше поразена во групата „Ц“, односно од шест натпревари, пет завршија нерешено.

ЕП 2024
Група Ц, резултати

Словенија – Данска 1:1
Србија – Англија 0:1

Словенија – Србија 1:1
Данска – Англија 1:1

Англија – Словенија 0:0
Данска – Србија 0:0

Исто така, Србија е единствената репрезентација во историјата на европските првенства која го освоила последното место во групата со само два примени гола. Имаше и претходно репрезентации кои беа елиминирани со исто толку примени голови, но тоа беа репрезентации кои завршија на третото место во групата, во моментот кога двете најдобри одеа во нокаут фазата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот