
Неуспешен обид на Фади Фаваз да го дочека Божиќ во поранешниот дом на Џорџ Мајкл
Фади Фаваз (47), фризерот на славните личности, роден во Австралија, својот партнер, славниот Џорџ Мајкл, го пронашол мртов во неговиот дом во Оксфордшир, на божиќното утро во 2016 година.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
По смртта на пејачот Фаваз остана да живее во неговиот дом во Риџентс парк, Лондон, до минатата година кога беше исфрлен. Полицијата со Фаваз и деновиве имаше работа, откако се вратил на имотот и скршил прозорец за да влезе внатре. Како што изјавил еден сведок за „Сан“, Фаваз им врескал на полицајците дека тоа е негов дом, бидејќи Џорџ сакал тој да живее тука. За да влезе на имотот, Фаваз морал да ја прескокне заштитната ограда, а сведокот открива дека полицијата се обидела да го вразуми поранешниот партнер на пејачот, кој не сакал да слуша.
– На крај го извлекоа и му наредија да го напушти местото, но се прашувам колку време ќе помине пред да се врати повторно. За Фадиз ова е многу тежок период од годината и на годишнината од смртта на Џорџ тој се чувствува осамено – изјавил сведокот.
Полицијата за „Дејли мејл“ потврди дека излегла на терен и на имотот затекнала 40-годишен маж.
„Замолен е да го напушти местото на настанот и се согласи, па не беше уапсен. Прозорецот што наводно е скршен, затворен е со штици“, се наведува во соопштението на полицијата.
Пет милиони фунти вредниот дом во средишниот дел на Лондон остана празен откако Фаваз минатата година од него беше исфрлен, а неговиот живот тргна надолу по смртта на пејачот во 2016 година. Од имотот наводно е избркан откако го демолирал, кршејќи ги мебелот, прозорците, уредите и опремата. Минатата година на Фејсбук објави дека станал бездомник.
„Иконата Џорџ Мајкл ја нема веќе три години, а неговите адвокати сè уште не направија ништо за мене, така што последниве денови спијам на улица во Ковент Граден, наместо да сум во својот дом“, објави тогаш Фаваз.
Според тестаментот тежок 96 милиони фунти, Џорџ Мајкл ништо не му оставил на својот партнер, кој од оваа година е уапсен поради наводно кршење неколку автомобили со чекан. Главно тој се движи низ источен Лондон, каде што спие во евтини хотели.