Нетанјаху прикажан како Пинокио покрај Трамп, уметничка провокација во Тел Авив

Израелските демонстранти ја искористија средбата меѓу Доналд Трамп и Бенјамин Нетанјаху во Белата куќа за да испратат порака од плажа во Тел Авив, недалеку од американската амбасада. Тие нацртаа голем портрет од двајцата лидери на песок.

Цртежот ги прикажуваше Трамп и Нетанјаху лице в лице, а Нетанјаху нацртан со издолжен нос, како Пинокио, објави Ројтерс.

Под него беше напишано: „Немојте повторно да се излажете“. Инсталацијата ја организираа активисти и семејства на затвореници. Ова не е прв пат вакви пораки да се појават на плажите во Тел Авив. Тие станаа еден вид симбол на отпор кон владата на Нетанјаху.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот