Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел/Фото: EPA-EFE/JACK GUEZ / POOL

Нетанјаху: Формирањето палестинска држава го загрозува постоењето на Израел

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека создавањето палестинска држава го загрозува постоењето на Израел и вети дека ќе се бори против таквите повици пред Генералното собрание на ОН.

-Ќе треба да се бориме, и пред ОН и во сите други арени, против лажната пропаганда насочена кон нас и против повиците за палестинска држава, кои би го загрозиле нашето постоење и би служело како апсурдна награда за тероризам, рече Нетанјаху.

Велика Британија денеска ја призна палестинската држава откако Израел не ги испочитува условите поставени во јули од премиерот Кир Стармер, вклучувајќи прекин на огнот.

И Канада и Австралија денеска и формално ја признаа палестинската држава, а се очекува и други земји да го сторат тоа оваа недела на Генералното собрание на Обединетите нации. Ова веќе го најавија Франција, Луксембург и Португалија.
По признавањето на палестинската држава од страна на Велика Британија, Канада и Австралија, израелскиот екстремно десничарски министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир повика на итна анексија на Западниот Брег.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот