Нетанјаху / Фото Архива

Нетанјаху бара одложување на судењето за корупција

Нетанјаху е првиот израелски премиер против кого е покренато обвинение додека се уште се наоѓа на функцијата.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска побара да му се одложи почетокот на судењето за корупција, закажан за 17 март, бидејќи немал пристап до документацијата што ја побарал од судот пред повеќе месеци.

Неговите адвокати изјавија дека тој испратил писмо до судот во Ерусалим барајќи почетокот на судењето да се одложи за 45 дена

Нетанјаху е првиот израелски премиер против кого е покренато обвинение додека се уште се наоѓа на функцијата.

Обвинението за измама, злоупотреба на доверба во три случаи, вклучувајќи и поткуп во еден од нив, во ноември го покрена Врховниот израелски обвинител Авихај Манделблит.

Израелскиот закон не бара премиерот против кого се покрева обвинение да мора да поднесе оставка, но тој нема имунитет од судско гонење.

Премиерот повеќе пати повторува дека нема сторено ништо лошо и дека е жртва на „лов на вештерки” од обвинителството и медиумите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот