Пороен дожд/ Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Нестабилно со пороен дожд и грмежи од утре до четврток

Времето утре во попладневните часови, во текот на ноќта кон четврток и во четврток наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утринската температура утре ќе се движи од 8 до 20 степени, а дневната од 22 до 34 степени. Во Скопје утринската температура ќе достигне до 17 степени, а дневната до 32 степени.

Во петок и во сабота времето ќе биде претежно стабилно со благ пораст на дневната температура. Ново дестабилизирање на времето со локален пороен дожд и грмежи се очекува во недела и првите денови од следната седмица, информираат од УХМР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот