Брза помош / Фото: Профимедиа

Несреќа во Турција: Се преврте патнички автобус, 14 загинати, 18 повредени

Најмалку 14 лица загинаа, а 18 се повредени во сообраќајна несреќа во западната турска провинција Баликесир. Несреќата се случила во близина на квартот Ердемита, каде се превртел патнички автобус што сообраќал на релација Измир – Зонгулдак, јавува Анадолија.

Единаесет лица загинаа на лице место, додека тројца повредени починаа на пат кон болница. Уште 18 лица се повредени и сите се згрижени во пет болници.

Во тек е истрага за причините за несреќата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот