
Несреќа на снимањето на „Gladiator 2“: Шестмина повредени, од кои четворица се во болница
Шест лица кои биле вклучени во продукцијата се повредени во текот на снимањето на продолжението на култниот филм „Гладијатор“ (Gladiator).
Препорачано
Како што пренесуваат американските медиуми, повредените добиле медицинска помош поради изгореници по несреќата што се случила на снимањето во Мароко.
„Вариети“ изестува дека шест лица се повредени, од кои четворица сѐ уште се во болница. Станува збор за изгореници кои ги добиле кога огнена топка зафатила неколку луѓе на сетот.
– Во текот на снимањето на планираната каскадерска сцена на снимањето на продолжението на „Gladiator“ се случи несреќа во која неколку членови на екипата се здобија со повреди кои не се опасни по живот – рекол портпаролот на „Парамаунт пикчрс“ во изјавата до „Си-ен-ен“
Екипите задолжени за безбедност и медицинска помош веднаш интервенирале и повредените ги донеле во стабилна состојба и сега се на лекување.
– Благосостојбата на актерската екипа ни е од најголема важност, а во сите наши продукции имаме строги здравствени и безбедносни процедури. Ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата и да ги преземеме сите неопходни мерки на претпазливост додека продолжуваме со снимањето – изјави портпаролот на „Парамаунт“.
Ова продолжение го режираше Ридли Скот, кој воедно беше заслужен и за првиот филм.