Лезбос, Грција EPA-EFE/DIMITRIS TOSIDIS

Несреќа кај Лезбос со чамец полн со мигранти, двајца мртви

Безживотните тела на две лица биле извлечени по несреќата со гумен чамец со мигранти што во текот на ноќта се случи во близина на грчкиот остров Лезбос, додека пак на копно биле пронајдени осум живи лица, а едно е пренесено во болница, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, преживеаните рекле дека во чамецот се пренесувале околу 35-36 лица, а тргнале од турското крајбрежје.

Поради лошото време и силниот ветер, гумениот чамец бил турнат кон карпест дел на копното, од каде што успеале да се спасат осумтемина мигранти.

Во тек е спасувачка акција на копно на Крајбрежната служба на Грција за откривање на останатите лица, кои се превезувале во чамецот, а според проценките, успеале навреме да го напуштат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот