Фото: Nadya Bessonov / Alamy / Alamy / Profimedia

Непријатен здив кај мачката: Кога е само лоша хигиена, a кога е сигнал за итен преглед?

Лошиот здив кај мачките често се занемарува, но во многу случаи претставува сигнал дека во организмот на животното нешто не е во ред. Познат и како халитоза, непријатниот мирис од устата може да биде симптом на различни здравствени проблеми – од најчестите, поврзани со забите и непцата, до посериозни системски заболувања, пишува „Љубимци“.

Стручњаците од „Корнел Фелин хелт центер“ истакнуваат дека навремено препознавање на промените во здивот на вашиот миленик е клучно за неговото здравје и долговечност.

Причини за непријатен здив кај мачката

Една од најчестите причини е пародонталната болест. Наталожениот каменец предизвикуваат воспаление на непцата (гингивит), што може да биде болно и да го зголеми ризикот од инфекции во усната шуплина. Ако состојбата не се лекува, бактериите од устата може да навлезат во крвотокот и да влијаат на работата на другите органи. Редовно чистење на забите и професионални ветеринарни прегледи се неопходни за да се спречи прогресија на болеста.

Покрај тоа, лошиот здив може да биде резултат и на странo тело во устата – остатоци од храна или влакна заглавени меѓу забите или под непцата. Ако не се отстранат, тие се разградуваат и создаваат непријатен мирис, а може да предизвикаат и локални инфекции кои го отежнуваат јадењето и пиењето.

Во одредени случаи, непријатниот здив може да укаже на посериозни заболувања на внатрешните органи.

Дијабетесот кај мачките може да предизвика сладникав, специфичен мирис на здивот.

Болестите на бубрезите често му даваат мирис сличен на урина.

Проблеми со црниот дроб или опструкција на цревата, исто така, може да доведат до силен и непријатен мирис од устата.

Затоа е важно да се следат и други симптоми – промена на апетитот, повраќање, летаргија – бидејќи тие можат да сигнализираат системски заболувања што бараат итна ветеринарна интервенција.

Уште една сериозна причина можат да бидат орални тумори. Туморските промени во усната шуплина често се манифестираат со отежнато голтање, прекумерно лачење плунка и намален апетит.

Дијагностика и превенција

Навремената дијагноза значително ги зголемува шансите за успешно лекување и зачувување на квалитетот на живот на мачката. Посета на ветеринар е задолжителна ако забележите:

  • упорен лош здив,
  • зголемено лачење плунка,
  • крв во плунката,
  • тешкотии при јадење,
  • видливи промени во устата (црвенило, оток, ранички).

Раното откривање и лекување може да го спречи напредувањето на болеста и сериозните компликации.

Превенцијата е клучна за зачувување на оралното здравје. Редовното миење на забите со специјални четки и пасти за мачки, заедно со периодични ветеринарни прегледи, значително го намалува ризикот од пародонтални заболувања. Дополнително, правилната исхрана и општата грижа за здравјето на мачката придонесуваат за здрави заби и непца, а со тоа и за свеж здив.

Лошиот здив кај мачките никогаш не треба да се игнорира. Иако најчесто е предизвикан од проблеми со забите, може да укажува и на посериозни здравствени состојби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот