Непознати крадци ограбиле паркомати низ Скопје

Две непознати лица со сила отворале паркомати на повеќе локации во Скопје и украле пари, а случајот денеска го пријавило ЈП „Градски паркинг“.

Според информациите од МВР, кражбите се случиле во периодот од 04:03 до 05:50 часот, при што биле насилно отворени паркомати во катната гаража „Разловечко востание“, во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, на булевар „Кочо Рацин“ и во Градскиот трговски центар.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и откривање на сторителите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот