Роберта Мецола
Роберта Мецола / 30 мај 2022 / Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Непотизам во ЕП: Мецола го именува својот зет за шеф на кабинет

Претседателката на Европски парламент, Роберта Мецола го именува својот зет Метју Табоне за шеф на кабинет.

Табоне во ЕП работи од 2013 година, а сега ја презема функцијата од Летиција Зулета Де Реалес Ансалдо, која е именувана за директорка за односи со националните парламенти во ЕП.

Табоне со години е близок соработник на Мецола, а се ожени со нејзината сестра во 2015 година.

Европратеникот од Малта Алекс Агиус Салиба од Лабуристичката партија на Фејсбук објави дека именувањето на Табоне е „поттикнувачки непотизам“.

Замислете јас или претставник (на Лабуристичката партија) да именува член на семејството на највисоката позиција во мојата канцеларија, напиша Агиус Салиба

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!