Меѓународен аеродром Скопје (Фото: ТАВ)

Непалец приведен на скопскиот аеродром со фалсификувани документи

Дваесет и тригодишен Непалец е приведен вчера на скопскиот аеродром поради фалсификувани документи.

„Вчера во 14.10 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници го привеле К.С.(23) од Непал, затоа што при пасошка контрола и проверка било констатирано дека кипарската дозвола за престој, која ја дал на увид, била фалсификувана“, информираат од МВР.

По насока на Јавен обвинител тој бил пренесен во Прифатниот центар за странци во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот