
Неоправдано високи цени на ПЦР тестовите во Британија – ќе се намалат во корист на патниците
Британската агенција за заштита на конкуренцијата соопшти денеска дека ќе ги преиспита цените на тестовите на ковид-19 кои ги воведе владата за патниците, откако министерот за здравство Саџид Џавид се пожали дека скапите тестови ги спречуваат поединците да одат на одмор.
Препорачано
ПЦР тестовите кои им се неопходни на повеќето патници во просек чинат околу 75 фунти, што знали 300 фунти за четиричлено семејство, но многу фирми наплатуваат значително повеќе. Цените кои ги наведуваат фирмите на списокот на официјалниот сајт на британската влада се движат од 17 до 250 фунти.
Џавид денеска рече дека побарал од Агенцијата за заштита на конкуренција и пазари да ја сузбие „неправедната пазарна пракса“.
„Луѓето би требало да бидат во можност да одат на одмор, било да се видат со семејствоото или само да се опуштат, без страв од преголемите такси за ПЦР тестовите“, објави министерот за здравство на Твитер.
Агенцијата има овластување директно да интервенира кога ќе открие неправилности, но може и директно да ги советува министрите за побрзо да преземат адекватни мерки.
„Се радуваме што ќе можеме на државниот секретар да му дадеме совет за да им обезбедиме пристап на патниците до достапни и сигурни тестови“, наведе агенцијата.
Извор: Бета