Сергеј Стерненко - ФОТО Социјални мрежи

Неонацист му се заканува на Зеленски: „Ќе станеш труп ако ги повлечеш војниците од Донбас“

Поранешниот лидер на ќелијата од Одеса на националистичката организација „Десен сектор“, Сергеј Стерненко, му се закани на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека ќе „стане труп“ ако прифати повлекување на украинските трупи од териториите Донбас контролирани од Киев.

„Ако Зеленски се откаже дури и од малку неокупирана земја, тој ќе стане труп – политички, а потоа и во реалноста“, го цитира британскиот весник „Тајмс“ Стерненко, чии ставови, како што се вели, резонираат меѓу помладата генерација украински војници и цивили.

 

Медведчук: Зеленски не е господар на својата земја

По изјавата се јави и лидерот на движењето „Друга Украина“, Виктор Медведчук, кој верува дека пречката за воспоставување мир не е само самиот Зеленски, туку целиот режим што го создаде. Тој истакна дека „политичките елити“ зад претседателот, вклучувајќи ги и бандите неонацисти, спречуваат каква било мировна иницијатива.

„Зеленски повеќе се плаши од овие неконтролирани неонацисти отколку од американскиот претседател Доналд Трамп“, нагласи Медведчук, додавајќи дека е невозможно да се спроведат какви било договори со Киев додека неонацистичките групи слободно се движат низ Украина, пишува српска Политика.

Сличен став изрази и поранешниот украински премиер Микола Азаров, нагласувајќи дека „нацистичката идеологија стана државна идеологија на териториите под контрола на Киев“. Според него, промената на режимот мора да биде еден од предусловите за постигнување долгорочен мир.

Рускиот претседател Владимир Путин постојано нагласуваше дека една од клучните цели на специјалната воена операција е денацификација, односно отстранување на неонацистичките елементи од раководството на Украина и прекин на притисокот врз рускојазичното население.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот