Јован Деспотовски/ Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Неофицијално: Уапсен е Јован Деспотовски, поранешниот прв човек на Дирекцијата за ТИРЗ

Денеска е уапсен Јован Деспотовски, поранешниот директор на Дирекцијата за Технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ) и долгогодишен член на СДСМ, неофицијално дознава „Фокус“.

Според порталот, Деспотовски е упасен од припадници на Управата за финансиска полиција, во врска со случај со наводна проневера на два милиони евра во ТИРЗ Струмица и ТИРЗ Штип.

Во рамките на истрагата, ќе се бара замрзнување на имотот на компанија вмешана во наводната проневера, пишува „Фокус“ повикувајќи се на свои извори.

Деспотовски по ова испрати демант, велејќи дека не е точно дека е уапсен. Нешто подоцна, официјално се огласи Јавното обвинителство, со информација дека против Деспотовски се води истрага за злоупотреба на службената должност и овластувања. Деспотовски тоа не го откри во реакцијата што ја испрати до медиумите, но од Кривичниот суд појаснија дека тој денеска доброволно дошол во судот и се произнесол за случајот за кој е осомничен, а Судот го прифатил барањето на Обвинителството да му биде одземен пасошот, како мерка за спречување бегство надвор од границите на државата.

Деспотовски под истрага, Обвинителство бара одземање на пасошот поради опасност од бегство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот