
Ненуклеарно одвраќање: Кои ракети Томахавк можат да ги добијат украинските сили?
Украинскиот претседател Володимир Зеленски пред извесно време го претстави својот таканаречен „План за победа“ над Русија, кој содржеше пет јавни и три тајни поглавја, кои не беа наменети за пошироката јавност.
Препорачано
Меѓутоа, американски „Њујорк тајмс“, очигледно во жарот на внатрешно-политичката борба во САД, го објави протекувањето на оваа информација. Третата точка од програмата на Зеленски поточно од „Планот за победа“ предвидува инсталирање на одреден „комплексен ненуклеарен пакет на стратешко одвраќање“ во Украина, кој би бил доволен за заштита од каква било идна воена закана од Русија.
Што објави Њујорк Тајмс за тоа по некое време?
Имено во еден од необјавените делови од планот, Зеленски предложи „пакет за ненуклеарно одвраќање“, во кој Украина ќе добие ракети Томахавк. Ова е сосема нереално барање, изјави во меѓу време еден висок американски функционер.
„Томахавк“ системот кој има дострел од 2.400 километри, што е седум пати подолго од ракетните системи со долг дострел АТАКМС, кои Украина ги доби оваа година засега но и во блиска иднина тешко ќе може да биде инсталиран во Украина. Тоа е така бидејќи воените сили на оваа земја не поседуваат потребната техничка воена логистика. Во исто време Украина, не му претстави убедливи планови на Вашингтон за тоа како би го употребила оружјето со долг дострел, изјавија американски официјални лица.
Дополнително, списокот на цели во Русија далеку го надминува бројот на ракети што САД или кој било друг сојузник би можеле да ги испорачаат без да ги загрозат сопствените ракетни системи насочени кон потенцијални проблеми на Блискиот Исток и Азија.
На 22 октомври 2024 година, францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорну во програма на каналот ЛЦИ рече дека е неопходна потреба сериозно да се разгледа прашањето за распоредување на ненуклеарни сили за одвраќање во Украина.
– Овој „План за победа“ е почеток на политичкото патување. Неопходно е да се праша што ќе се случи понатаму. Размислете за прекин на огнот или мировен договор и тогаш ќе разберете дека прашањето за распоредување на ненуклеарни сили за одвраќање на територијата на Украина, за да се одрази на новата закана од Русија, е очигледно прашање што треба веќе да се реши. Ако ја погледнеме шемата, историјата се повторува како и со сите претходни пакети за воена помош на НАТО за Киев. На почетокот газдата вели „не“ за да не биде обвинет дека директно предизвикува војна со Русија, но потоа некој од понизок ранг вели „да“, но со ограничувања. Сепак на крајот Украина го добива тоа што го бара, но со задоцнување и во помали количини отколку што би сакала – истакна францускиот министер за одбрана.
Може ли Киев во иднина да ги добие „американските Томахак“ ракети
„Томахавк“ повеќе наменскиот високо прецизен ракетен систем претставува збир на повеќенаменски крстаречки ракети со долг дострел од стратешко и тактичко значење. Истите можат да се истрелуваат од море, од копно и од воздух. Проблемот за вооружените сили на Украина е недостатокот на повеќето од гореспоменатите ракетни носачи.
Во американската морнарица, Томахавк системот се инсталира на подморници и бродови, како што се уништувачите од класата Арли Бурк и Зумвалт и крстосувачите со наведувани ракети од класата Тикондерога.
Во исто време бројката на американските стратешки бомбардери Боинг Б-52 е мала а тие меѓу другото служат како авиопревозници за овие крстосувачки ракети. Во моментов но и во блиската иднина постои мала веројатност дека САД ќе ги предадат своите стари Б-52 на Украина. Исто така, малку е веројатно дека украинската морнарица во догледна иднина ќе прими американски воени бродови кои би преживеале во водите на Црното Море.
Значи, има смисла да се земат предвид само копнените Томахавк системи наведува реномираниот портал кој се бави со одбрана „Оружје-онлајн. Според порталот, сепак и тука има најмалку две опции за испорака на овој ракетен систем на Украина но и повеќе проблеми за нивно приспособување и идно лансирање кон Русија од украинска територија.
Заклучувајќи од сето погоре, и како што и впрочем покажа кратката историја на руско-украинскиот конфликт, сепак може да се очекува таква закана од Украина кон Москва на среден рок, но, не веднаш и одма. Доколку земјата го мине следниот период во помирни околности, на територијата надвор од контролата на Москва могу веројатно на десниот брег на Днепар ќе бидат инсталирани ракетни комплекси со двојна намена, насочени кон стратешки важни објекти низ Русија.