Нема заболени од Ковид-19 меѓу вработените во тетовските градинки

Нема ниту едно вработено лице заболено од Ковид-19 во објектите на детската градинка „Младост”, соопштија од Општина Тетово по добивањето на резултатите за сите вработени. 

– Заврши тестирањето на вработените и наставниците од сите градинки во состав на ОЈУГД „Младост” во ТетовоЗа среќа, направените тестови на сите 150 вработени се негативни за КОВИД-19. Општина Тетово ги дезинфицираше и внатрешните и надворешните површини во рамки на мерките за заштита, со кои се предвидува отворање на сите градинки во земјава, соопштија од општина Тетово.

Како една од превентивните мерки, установата од 1 јуни започна со електронско поднесување на барањата за упис на нови дечиња во градинките. 

Скринингот за вработените во градинките започна на 26 мај.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!