Основно јавно обвинителство - зграда / Фото: "Слободен печат" / Драган Митрески

Нема основа за дисциплинска постапка, тврди вишиот обвинител Цветановски

Против доскорешниот шеф на Вишото скопско обвинителство Мустафа Хајрулахи и вишиот обвинител Јован Цветановски ќе биде поведена дисциплинска постапка поради наводно утврдено нестручно и несовесно работење, што го покажала ревизијата кое републичкото јавно обвинителство ја изврши врз Вишото обвинителство. Ваквата одлука наводно била донесена поради четири предмети во кои тој се откажал од жалба или обвинение. Предлог за поведување дисциплинска постапка е поднесен и против Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје пред кого била реферирана и со чија согласност била донесена одлука во три од наведените предмети, како и поради констатираните неправилности во начинот на заведување на предметите во Вишото јавно обвинителство Скопје.

Обвинителот Цветановски вели дека информацијата за поведувањето дисциплинска постапка против него ја дознал од медиумите. Извештајот од извршениот надзор во Вишото јавно обвинителство Скопје никогаш не бил доставен до него, ниту му била оставена законската можност за дополнително објаснување, тврди Цветановски.

-Не знам ни за кои четири предмети станува збор. Можам само да претпоставам. Извештајот никогаш не стигна до мене, ниту имав можност за дополнително објаснување. Ова е целосно незаконска постапка. Прво не е испочитуван рокот од 30 дена, во рамките на кој требаше да ни биде доставен извештајот по однос на надзорот за да можеме ние да одговориме на нивните забелешки. Ускратено ми е законското право да одговорам на наводите од извештајот. Незаконски е и составот на целата комисија, има судир на интереси. Одговорно тврдам дека не постојат основи за дисциплинска постапка – коментира Цветановски.

Тој смета дека согледувајќи како се одвиваат работите, „држи“ муабетот од вишиот јавен обвинител Хајрулахи дека целта на сето ова е да се направи притисок за случајот за бонусите на СЈО, предмет кој се наоѓа кај него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот