Нема одлука на Советот за јавни обвинители за Јанева, продолжуваат во четврток

Советот на јавни обвинители ниту по осум часа расправа, не најде решение за статусот на шефицата на Специјалното јавно обвинителство во оставка , Катица Јанева , која е во притвор, пренесува Канал 5.

Според претседателот на Советот на јавни обвинители, Коле Штерјев, за прв пат се соочуваат со ваков предмет и треба да се донесе внимателно одлуката.

Тој по завршувањето на осумчасовната седница, најави дека Советот продолжува со работа во четврток во 10 часот.

Ако Советот одлучи да ја разреши Јанева со мнозинство гласови, ќе треба да изготви извештај, кој потоа ќе го испрати во Собранието каде е потребно двотретинско и Бадентерово мнозинство за нејзина смена.

БОНУС ВИДЕО

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот