Фото: EPA-EFE/Yoshua Arias

ВИДЕО | Нема ново финале: Ѓоковиќ елиминиран во Дубаи!

Новак Ѓоковиќ не успеа да се избори за ново финале откако денес беше елиминиран од Данил Медведев во полуфиналето на турнирот во Дубаи.

Медведев приреди изненадување, но мора да се истакне дека победата за рускиот тенисер е сосема заслужена затоа што доминираше од почетокот до крајот на натпреварот. Ѓоковиќ правеше многу грешки и тоа резултираше со пораз во два сета 2:0 (6:4, 6:4).

Форхендот на Ѓоковиќ денес не функционираше и бројни такви обиди на српскиот тенисер завршија во аут, имаше и неколку некарактеристични грешки за Ѓоковиќ. Медведев до победата дојде за околу час и половина.

За титула во Дубаи, Медведев ќе игра утре против Рубљов кој денес претходно беше подобар од Зверев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!