Фото: Википедија

Нема бомба во салата „Јане Сандански“, дојавата била лажна

Закажаниот концерт на српскиот пејал Пеѓа Јовановиќ, кој вечерва беше прекинат поради дојава за бомба, ќе продолжи. По дојавата за бомба во спортската сала „Јане Сандански”, полицијата ја провери салата и утврди дека дојавата била лажна.

„Во 21.18 часот завршени се антитерористичките проверки при што утврдено е дека се работи за лажна дојава и концертот ќе продолжи”, велат од МВР.

Нешто пред 19 часот вечерва, непознато лице телефонски се јавило во СВР Скопје и рекло дека во салата „Јане Сандански”, каде вечерва беше закажан музички концерт, има поставено бомба, соопшти претходно полицијата.

Веднаш се преземени соодветни мерки и присутните во салата, кои следеле концерт, беа безбедно евакуирани.

Некој дојавил дека има бомба во салата „Јане Сандански“, полицијата проверува

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот