Спасители ги спасија лицата кои се превртија од брод во Сенегал/Фото EPA-EFE/Gelmert Finol

Неколку лица се водат како исчезнати откако потона чамец во близина на Сенегал

Повеќе десетина луѓе се водат како исчезнати откако потона дрвен чам,ец во близина на брегот на Сенегал.

Спасени се 11 луѓе, осум државјани на Сенегал и тројца Гамбијци. Спасувачите пронашле едно беживотно тело, а се претпоставува дека во чамецот имало најмалку 60 луѓе.

Мигрантите од Сенегал изминатите години го ризикуваат животот да стигнат до Европа со мали рибарски чамци. Голем број од нив тргнуваат кон шпанските Канарски Острови, а на тој пат годинава загинаа најмалку 849 луѓе, четирипати повеќе од која било од претходните шест години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот