СЦ Јане Сандански

Некој дојавил дека има бомба во салата „Јане Сандански“, полицијата проверува

Нешто пред 19 часот вечерва, непознато лице телефонски се јавило во СВР Скопје и рекло дека во салата „Јане Сандански” во Скопје, каде вечерва беше закажан музички концерт, има поставено бомба, соопшти МВР.

Веднаш се преземени соодветни мерки и присутните во салата, кои следеле концерт, се безбедно евакуирани.

Во тек се антитерористички проверки и по нивното завршување, доколку е безбеден објектот, концертот на српскиот пејач Пеѓа Јовановиќ ќе продолжи, велат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот