
Нејмар во шок, дечкото на мајка му бил во врска со мажи
Препорачано
Згора на тоа Тиаго кој има 22 години, е дури шест години помлад и од фудбалерот на ПСЖ и на бразилската репрезентација.
Откако јавноста во Бразил дозна за врската започна да истражува кој е Тиаго Рамос и дојде до шокантни откритија за неговата сексуална ориентација. Тие открија дека 22-годишниот модел е бисексуалец ипред да врската со Надин, тој бил во врска со неколку мажу, а еден од нив е и личниот готвач на Нејмар, Мауро.
На списокот се наоѓаат уште и бразилскиот актер Карлињос, милионерот Едуардо Переира и експертот за маркетинг, Ириналдо Оливер кој и всушност откри дека Тиаго е бисексуалец.
– Бев во врска со Тиаго од 2017 година па се до крајот на 2018 година. Бев шокиран кога ја видов веста за неговата нова врска и оттогаш телефонот не престанува да ми звони. Шокиран сум, никогаш досега го немав видено со жена – зборува Оливер за бразилскиот „О Диа“.
Медиумите исто така открија дека Тиаго од милионерот Переира добил на подарок куќа и скапи автомобили, анаводно требало и да стапат во брак. Оваа информација ја лансира бразилската новинарка Фабиа Оливеира која тврди дека поседува и фотографии од Тиега и Переира, а во во телефонот на милионерот, Тиаго бил мемориран како „Тиаго вечна љубов“.