Надежда Неински/YouTube/ Screenshot

Неински: Бугарија ја поддржува Северна Македонија, но Скопје мора да го почитува Договорот

 Бугарија има јасна и конзистентна политика кон Република Северна Македонија за нејзина европска интеграциј, изјави поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија и поранешна амбасадорка во Турција Надежда Неински за БТВ.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според неа за Бугарија е исклучително важно Република Северна Македонија да биде членка на ЕУ, но, како што рече, претходно мора да ги исполни условите за членство, како што е примерот со другите земји кои пристапиле кон Унијата.

Според поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија (1997-2001) во Северна Македонија имало прогон на граѓани со бугарски идентитет во Северна Македонија.

Таа потсети дека беше потпишан Договор за добрососедство и пријателство меѓу двете земји во 2017 година, кој, сепак, според неа, „не се почитува, исто како што не беше почитуван Договорот од 1998 година”.

– Во Република Северна Македонија постои говор на омраза, има пречки за бугарски инвестиции, има проблеми со работата на заедничката историска комисија, рече Неински.

Според неа, ЕУ треба да биде гарант за договорот меѓу Бугарија и Република Северна Македонија.

Таа коментира дека признавањето на Бугарите како посебна етничка заедница нема да претставува преседан, доколку се вклучи во Уставот на Северна Македонија.

– Ние мора да зборуваме цивилизирано. Бугарија има интерес Република Северна Македонија да биде членка на ЕУ, но од нас не може да се очекува дека ќе отстапиме од историските факти, рече Неински.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот