Фото: Jacob Lund / Alamy / Alamy / Profimedia

Не сте слушнале за А-точката ? Голема грешка! Благодарение на неа, оргазмот трае и до 20 секунди подолго!

Сигурно сте слушанале за Г-точката, која ветува моќни оргазми, но, всушност, не е единствената точка што може да обезбеди „огномет“ во кревет и долги оргазми.

Имено, сексологот Ивон Фулбрајт, авторка на книгата „Водич за подобар секс и неверојатно водење љубов“, тврди дека постои уште една точка, А-точката, за која ретко кој слушнал, а која може да обезбеди неверојатен оргазам кој трае многу подолго од вагиналниот, а се наоѓа длабоко во вагината, неколку сантиметри по Г-точката, односно помеѓу грлото на матката и мочниот меур.

– Се состои од многу чувствително ткиво кое се навлажнува кога се стимулира, па затоа стимулацијата на оваа точка многу им значи на жените кои имаат повремени или постојани проблеми со сувоста на вагината – вели сексуалната советничка Ада Кадел.

Како што таа продолжува да објаснува, најлесниот начин да ја пронајдете оваа точка е прво да ја лоцирате Г-точката, а потоа да го придвижите прстот малку подлабоко.

Ава истакнува дека предноста на А-точката е што со нејзино стимулирање, оргазмот трае 20 секунди подолго од вообичаениот и додава дека е тешко да се лоцира оваа точка во првите неколку обиди, па затоа советува да бидете трпеливи.

Некои тврдат дека приказната за А-точката е измислена, а мислењата се поделени во повеќето случаи. Гинекологот д-р Мери Џејн Минкин вели дека нема анатомски докази за постоење на А-точката. Иако некои делови од вагината се почувствителни од другите, не е можно да се дефинира одредена точка што би довела до повеќе оргазми, заклучила таа на крајот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот