Фото: EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

Не му пречеше ниту прекинот: Ѓоковиќ со сигурна победа го започна турнирот во Женева

Новак Ѓоковиќ со победа го започна турнирот во Женева и не дозволи изненадување против Јаник Ханфман кого го победи со 2:0 (6:3, 6:3).

Натпреварот беше прекинат во првиот сет при водство на Ѓоковиќ од 5:3 поради дожд, а откако продолжи Ѓоковиќ на свој сервис го доби сетот и поведе со 1:0.

Вториот сет донесе подобра игра на Ханфман кој изненадувачки поведе со 3:0, сепак Ѓоковиќ во продолжение се разигра и освои шест гема во низа за 2:0 и конечна победа.

За место во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе игра против подобриот од мечот помеѓу Грикспор и Шаповалов.

ВИДЕО | Собирач на топки падна во мечот на Ѓоковиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот